Улогата на господинот Фриз во Бетмен и Робин од 1997 година е поврзана со причината зошто Шварценегер треба да плаќа по еден долар на Warner Bros секоја година.
Имено, тој решил да го задржи својот костим, а долгорочното изнајмување го чини еден долар годишно. Така, филмското студио го поседува костимот, но на Шварценегер му е дозволено да го задржи се додека плаќа номинална такса. Тоа значи дека костимот, по смртта на Шварценегер, најверојатно ќе биде вратен на Ворнер Брос и нема да биде дел од неговото наследство.
Филмскиот продуцент Питер Мек Грегор-Скот изјави за Холивуд Репортер дека одлуката да се одобри долгорочно изнајмување костими за Шварценегер мора да биде одобрена од самиот врв на компанијата.
„Многу актери би сакале да ги земат нивните костими, но мораме да ги спасиме доколку се одлучи да се сними нов филм. Затоа се зачувани сите сцени и целата гардероба. Арнолд Шварценегер сакаше костим на Мистер Фриз. Тој отиде до врвот на студиото. Мораше да потпише договор и мислам дека плаќа по еден долар за костимот “, рече тој.