Е портал

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“

На 76-тото доделување на Еми наградите, јапонската драмска серија го собори рекордот и влезе во историјата како серија која освои најмногу Еми награди во една сезона.

Серијата „Шогун“ на синоќешното доделување освои четири Еми награди, во категориите за најдобра серија, најдобар главен актер, најдобра главна женска улога и најдобар режисер, додека минатата недела освои 14 Еми награди за креативни уметности.

Веќе по премиерата на крајот на февруари, гледачите и критичарите не го криеја својот ентузијазам за оваа мини-серија, која се фокусира на три лика: англискиот морнар Џон Блекторн, кој доживеа бродолом и завршува на брегот на Јапонија, Даими Јоши Торанага, моќен феудален владетел кој има бројни непријатели и Тода Марико, интелигентна и мистериозна благородничка, која не може да одлучи помеѓу нејзината христијанска вера и нејзината лојалност кон Торанага.

„Откако мистериозен европски брод е пронајден во блиското рибарско село, владетелот Јоши Торанага открива тајни кои би можеле да ја свртат вагата на моќта и да ги уништат неговите непријатели“, е краткиот синопсис наведен на IMDb.

Главните улоги ги толкуваат Хиројуки Санада, Космо Џарвис и Ана Саваи. Ним им се придружуваат Таданобу Асано, Такехиро Хира, Томи Бастоу, Фуми Никаидо, Шиносуке Абе…

Креатори на серијата се сопружниците Рејчел Кондо и Џастин Маркс. Кондо претходно работеше како телевизиски сценарист и продуцент, а Маркс стана познат како сценарист на блокбастерот Топ Ган: Маверик.

Постои верзијата на „Шогун“ од 1980 година, која заработи рекордна оценка за NBC и освои неколку Еми награди, вклучувајќи ги и Outstanding Limited Series.

Серијата има оценка од 91 отсто од критичарите на Rotten Tomatoes, додека е оценета со 8,6 на IMDb.

„Оваа серија изгледа одлично, првите две епизоди се одлични“, „Ги надмина сите мои очекувања“, „Ова е најдобрата серија по „Game of Thrones“ и „Breaking Bad“, „Во последните неколку години, сите продукции се обидуваат да го пронајдат новиот „Game of Thrones“, се дел од коментарите на публиката.

Други вести

Руски астролог тврди: Само три хороскопски знаци ќе имаат огромна среќа во 2025

Е портал

(ВИДЕО) „Dexter: Resurrection“: Улоги, датум на премиера и сè друго што се знае досега

Е портал

Dexter: Original sin целосно го оправдува приквел шоуто со потценета нова приказна на повратен лик

Е портал