Е портал

Рускиот двојник на Леонардо ди Каприо се здебели – па Путин го испрати во војна

Роман Бурцев, 40-годишен Русин кој е познат како двојник на холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, бил повикан во војска откако се здебелил.

Зголемувањето на тежината на Бурцев, исто така, негативно се одрази на неговата актерска кариера.

Невработениот актер, кој се здоби со популарност како двојник на Ди Каприо, забележал дека новите деловни можности му избегнале поради вишокот килограми.

Иако очекуваше дека улогата на двојник ќе му донесе слава, богатство и семејство, ангажманите во реклами не беа доволни.

Пред да стане двојник на Ди Каприо, Бурцев работел како ИТ специјалист. Русинот Ди Каприо пред да замине во војна живеел со своите родители и една мачка во изнајмен стан во Подолск, недалеку од Москва.

Повремено работел на пазар и во фабрика за железо, но тоа не било доволно за да биде финансиски стабилен, па завршил во војската на Путин.

Инаку, Бурцев е осум години помлад од холивудската ѕвезда.

Други вести

Руски астролог тврди: Само три хороскопски знаци ќе имаат огромна среќа во 2025

Е портал

ВИДЕО: Кина го гради најголемиот аеродром во светот на вештачки остров

Е портал

Мистеријата на портокаловите мачки решена по 110 години

Е портал