Е портал

Намирници без кои Новак Ѓоковиќ не го почнува денот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ неодамна беше гостин во емисијата „Патот на шампионите“, каде во разговор со водителките одговараше на прашања кои ги интересираат сите љубители на неговиот лик и дело.

Водителката Драгана Косјерина му постави едноставно прашање на кое тој имаше многу краток одговор. Ја интересираше кој е најдобриот појадок за Новак.

„Овошје или некаква каша“, кратко одговори Ноле.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш го потврди она што повеќепати го потенцираше во медиумите: неговата исхрана е едноставна и богата со растителна храна, пред се со овошје и зеленчук. Посебно ја истакнува важноста на зелените смути, кои ги прави од разни видови овошје, сок од јаболко, целер, нане, алги, спанаќ и кељ. Иако можеби изгледа необично, Ѓоковиќ тврди дека овој енергетски пијалок е исклучително вкусен.

Ѓоковиќ го пие ова смути речиси секое утро за да се разбуди. Тој подготвува различни варијации на неговиот рецепт, но важно му е смутито да биде на база на целер и да не содржи додаден шеќер.

После смутито, Новак преминува на специфичен појадок составен од мусли или гранола, збогатен со малини, јагоди, боровинки, банани, јаткасти плодови и семки. Повремено додава и грчки јогурт или мед од манука.

„Денот го започнувам со топла вода и лимон за да му помогнам на моето тело во процесот на детоксикација. А потоа пијам сок од целер на празен стомак. Јадам многу овошје во првиот дел од денот. Јадам многу салати…преферирам растителна исхрана и не сакам да јадам храна која бара многу енергија за варење. „Продолжувам со лесна храна како компири, слатки компири, киноа, просо, див ориз“, рече тенисерот на „Во длабочина со Греам Бенсинџер“ пред неколку години.

Други вести

Предложено: Никотинот во цигарите да се намали на ниво што не предизвикува зависност

Е портал

Британците тестираат камери кои детектираат пијани возачи

Е портал

Од Нова година во Милано е забрането пушење и на отворено

Е портал