Е портал

Европејците опседнати со кафе: Минатата година секој граѓанин испил по пет килограми

Производството на кафе во Европската унија во последната деценија се зголемило за 15 отсто, а во 2023 година секој Европеец консумирал околу пет килограми од овој пијалок, објави Евростат.

На врвот на листата на производители на кафе на античкиот континент е Италија, земја која е светски позната по најсилното еспресо и кремастото капучино. Од друга страна, прва по увоз е Германија, пренесува Euronews Србија.

Кога ќе се додаде печено, кафе без кофеин и замена, лани вкупното производство достигна повеќе од два милиони тони со вредност од околу 13 милијарди евра, се вели во извештајот на Евростат.

Од тоа, Италија произведува четвртина (25 отсто), Германија 22 отсто, а Франција и Холандија по шест отсто.
ЕУ, исто така, увезува околу 2,7 милиони тони кафе секоја година, во вредност од 10,6 милијарди евра. Од тоа, Германија купува една третина (33 отсто), потоа Италија 23 отсто, Белгија десет отсто, Шпанија девет отсто и Франција седум отсто.

Кафето во Европа најмногу доаѓа од Бразил, таа јужноамериканска земја продава речиси 922.000 тони годишно, што е 32 отсто од вкупниот увоз кој пристигнува надвор од Европската унија.

24 проценти доаѓаат од Виетнам, а осум проценти од Уганда. Сите овие податоци, сепак, би можеле да се променат од следната година.

Кафе – култура што ги расчистува шумите

Новиот закон на ЕУ кој се очекува да стапи на сила во 2025 година може драстично да ја промени оваа слика, обврзувајќи ги производителите на кафе да докажат дека нивниот синџир на снабдување не предизвикува уништување на шумите.

Според податоците објавени од француската влада, кафето е култура со висок потенцијал за уништување на шумите.

„Како најголем увозник на кафе во светот, Европската унија е одговорна за 44 отсто од уништувањето на шумите поврзано со кафето“, се предупредува во извештајот.

Други вести

Предложено: Никотинот во цигарите да се намали на ниво што не предизвикува зависност

Е портал

Британците тестираат камери кои детектираат пијани возачи

Е портал

Од Нова година во Милано е забрането пушење и на отворено

Е портал