Е портал

ВИДЕО: Кина го гради најголемиот аеродром во светот на вештачки остров

Кина го гради најголемиот аеродром на светот кој некогаш бил изграден на вештачки остров.

Меѓународниот аеродром ќе се вика залив Џинжу, а ќе покрива остров од 20 квадратни километри со четири писти и патнички терминал од 900.000 квадратни метри, пренесува Си-Ен-Ен.

Аеродромот ќе биде лоциран во Далиан, кој има 7,5 милиони жители.

Аеродромските оператори имаат за цел да превезуваат 80 милиони патници и 540.000 летови годишно, со првите полетувања во 2035 година.

Изградбата на овој аеродром ќе ги надмине меѓународниот аеродром во Хонг Конг од 12,48 квадратни километри и меѓународниот аеродром Кансаи во Јапонија од 10,5 квадратни километри, кои исто така се изградени на вештачки острови.

Инаку, моментално најголемиот аеродром во светот е новиот аеродром во Истанбул на 76,5 милиони квадратни метри со шест посебни писти, капацитет од 500 авиони, паркинг за 70.000 возила и аеродромска зграда на 1,3 милиони квадратни метри.

Други вести

Руски астролог тврди: Само три хороскопски знаци ќе имаат огромна среќа во 2025

Е портал

Мистеријата на портокаловите мачки решена по 110 години

Е портал

ЕУ одлучи: Седумнаесетгодишници ќе можат да возат камиони

Е портал