Заљубена двојка е обвинета за предизвикување поплави на приградската железничка клучка во Мелбурн минатата недела, поради што две станици биле евакуирани.
Ова го изјави австралискиот министер за транспорт Дени Пирсон.
Иако првично се веруваше дека инцидентот бил вандалски чин, Пирсон рече дека прегледот на безбедносните камери открил дека „вљубен пар на скалите ја поместил прскалката (за пожар)“ и ја оштетил водоводната цевка, објави Гардијан.
„Имаше многу поплави. Железничките власти и полицијата истражуваат. Можеби скалите не се соодветно место за да се сретнете со некого по вечерата“, рече Пирсон.
Полицијата во петокот соопшти дека штетата предизвикала големи поплави на неколку платформи, поради што се евакуирани две станици.