Е портал

Европска земја забрани чување на неколку видови кучиња

Холандскиот парламент воведе забрана за чување миленици кои имаат здравствени недостатоци, како мачки и кучиња без влакна или раса мопс (PUG), објавија холандските медиуми.

Долниот дом на Собранието со огромно мнозинство го поддржа и го усвои предлогот на Партијата за слобода (ПВВ) и Партијата за животни за забрана на трговија и чување на вакви домашни миленици.

Нивното одгледување беше забрането во Холандија пред неколку години.

Кучињата мопс, на пример, имаат потешкотии со дишењето, а мачките со свиткани уши имаат нарушувања на ‘рскавицата и страдаат од болки во зглобовите, додека оние без влакна често страдаат од инфекции на кожата и очите.

Портпаролот на Министерството за земјоделство изјави дека забраната за чување вакви миленици може да се применува само во случај одредени карактеристики на секое поединечно животно да предизвикаат сериозни физички проблеми.

Други вести

Предложено: Никотинот во цигарите да се намали на ниво што не предизвикува зависност

Е портал

Британците тестираат камери кои детектираат пијани возачи

Е портал

Од Нова година во Милано е забрането пушење и на отворено

Е портал