Е портал

(ВИДЕО) „Окружени сме со будали“: Погледнете како тракторист му се одмаздува на сопственикот на „голф“ кој го блокирал

Тракторист дошол до иновативно решение кога некој ќе ви го попречи патот на патот – но не сите се согласиле со неговата одлука.

Веројатно нема возач кој барем еднаш во животот не доживеал непријатна ситуација да биде „блокиран“ од друг возач. Арогантната навика секојдневно ја гледаме на патиштата, а брзо решение нема. Предолго ќе чекате да пристигне полиција или пајак да придвижи непрописно паркирано возило.

Шпански тракторист смислил „иновативно“ решение за фрустрирачки проблем.

Имено, тој на патот во провинцијата Сеговија наишол на непрописно паркиран фолксваген голф кој му го блокирал преминот во тесна улица.

Возачот на голфот го оставил автомобилот и се оддалечил.

Во видеото, кое досега го погледнале повеќе од два милиони луѓе на TikTok, трактористот вели:

„Живееме во свет опкружен со будали. Решението е едноставно, го гасам моторот, го земам клучот, го заклучувам и го оставам тракторот на сред пат. Одам дома на ручек!“, рекол одмаздољубивиот возач.

Под видеото се собрани 2.400 коментари од кои повеќето го оправдуваат овој потег на трактористот, но има и такви кои тврдат дека тоа не е решение.

„Ако некој направи нешто глупаво, не мора да го правите истото. Полицијата ќе дојде кај вас и ќе бидете казнети“.

„Нема потреба од ваква реакција, како што и самите кажавте, живееме во свет опкружен со будали, а вие сте еден од нив.

Зарем не ви е полесно да тропнете на вратата пред која е паркиран Голфот“, се дел од коментарите, пренесува Јутарњи.хр.

Други вести

Руски астролог тврди: Само три хороскопски знаци ќе имаат огромна среќа во 2025

Е портал

ВИДЕО: Кина го гради најголемиот аеродром во светот на вештачки остров

Е портал

Мистеријата на портокаловите мачки решена по 110 години

Е портал