Милијардерот и генијалецот Џобс купувал нов, но идентичен црн Порше на секои 6 месеци: Причината е сосема луда. Луѓето околу него мислеле дека го менува автомобилот секој пат кога ќе се појави гребнатина на каросеријата на оној што го возел во тој момент. Но, ова не е вистината што стои зад тоа необично однесување.
Стив Џобс апсолутно ги обожавал спортските автомобили, иако никогаш не се фалел дека многу знае за нив. Со години купувал најдобри автомобили. Легендата вели дека Стив Џобс купувал нов Порше, идентичен на оној што веќе го поседувал, секој пат кога ќе се појави гребнатина на неговиот автомобил. Но причината за менувањето на автомобилите на секои шест месеци е нешто што само малкумина го знаат.
Основачот на компанијата Apple купувал црн Порше 911 кабриолет на секои шест месеци со децении. Луѓето околу него мислеле дека го менува автомобилот секој пат кога ќе се појави гребнатина на каросеријата на оној што го возел во тој момент. Но, ова не е вистината што стои зад тоа необично однесување.
Всушност, причината поради која Џобс постојано ги менувал автомобилите Порше е тоа што мразел регистарски таблички и не сакал никаков знак на својот автомобил. Тогаш, Калифорнија дозволувала на возачите да не користат регистарски таблички во првите шест месеци од сопственоста. Џобс направил договор да изнајмува нов автомобил на секои 180 дена, за да не мора да става регистарски таблички на него.
Џон Калас, експерт за компјутерска безбедност и софтверски инженер во компанијата Apple, ја потврдил оваа приказна во интервју за ITWire во 2011 година, само неколку месеци пред Џобс да почине.