Е портал

(ВИДЕО) Роден е како најголемо бебе на светот во 1983 година: Денес има 136 килограми и еве како изгледа

Кевин Роберт е роден во 1983 година како „најголемото бебе на светот“. Тежел 7,3 килограми, сосема доволно за да стане вистинска сензација во светот.

Локалните медиуми објавија дека Кевин е најголемото бебе родено во Њу Џерси. И мајката била многу изненадена од оваа појава, а ситната облека што ја подготвила морала да ја замени со поголема.

„Мораме да одиме дома, да ги испразниме фиоките и да му купиме поголема облека“, рекла гордата мајка по породувањето.

Растејќи, Кевин бил сосема различен од неговите врсници, додека неговата висина секогаш била над просекот. Уште како 12-годишник бил висок 170 см, а неговите врсници биле многу пониски. Само неколку години подоцна, тој бил висок 195 сантиметри.

Денеска има 41 година и исто така привлекува големо внимание каде и да се појави, бидејќи е висок преку 2 метри и тежок 136 килограми.

„Кога одам по улица, луѓето ме запираат и ме прашуваат колку сум висок“, вели Кевин.

Денес Кевин работи во војска, оженет е со сопруга која е речиси иста висина како него. Тој вели дека воопшто не е лесно да се биде највисок во собата. Мора да се наведнува кога ќе влезе низ вратата, тушевите се секогаш прекратки за него, а не може ни да влезе во повеќето автомобили.

Други вести

Предложено: Никотинот во цигарите да се намали на ниво што не предизвикува зависност

Е портал

Британците тестираат камери кои детектираат пијани возачи

Е портал

Од Нова година во Милано е забрането пушење и на отворено

Е портал