Доколку сакате да пробате нешто ново и вкусно, ви препорачуваме да ги подготвите овие посни лазањи и да ги послужите на вашето семејство за Бадник.
Сите состојки се нутритивно прилагодени за да имате одличен оброк, без разлика дали е прилог или главно јадење.
Ова е рецепт со помалку заситени масти и повеќе влакна, бидејќи се користат интегрални листови за лазанја. Оброкот содржи и протеини и железо, кои ги добивате со додавање на грав или наут. За кремаста текстура, користете посна верзија тофу, измешан со зачини и малку растително млеко.
Потребно (за 4 порции):
За сосот:
- 400 г тофу сирење (издробено или иситнето)
- 1 лажичка италијански зачини
- Грст свеж спанаќ (ситно исецка)
- Прстофат сол и бибер
- 2 лажици растително млеко (по желба, за покремаста текстура)
За болоњезе преливот:
- 1 лажица маслиново масло
- 1 голем кромид, излупен и ситно сецкан
- 2 чешниња лук добро иситнети
- 200 г шампињони исечени на ливчиња
- 300 г варен грав или наут (по вкус може да користите и мешавина од двете, а за полесна подготовка можете и конзервирани)
- 1/2 лажичка сол
- 1/2 лажичка свежо мелен бибер
- 2 лажици сув босилек и оригано
- 400 мл сос од домати
- 150 мл вода
За составување на лазањата:
- Интегрални кори за лазања
- 80 г рендан посен кашкавал
Подготовка:
- Загрејте го маслото во тавче и пропржете ги кромидот и лукот 4-5 минути додека не омекнат.
- Додајте ги шампињоните и пржете уште 2-3 минути.
- Додајте грав (или наут), потоа ставете сол, бибер, суви зачини, сос од домати и вода. Добро измешајте, оставете да зоврие, а потоа намалете ја температурата и варете 8-10 минути на тивко.
- Измешајте го тофуто со италијанските зачини.
- На дното на огноотпорен сад ставете малку од болоњезе сосот, па ставете неколку кори лазања, врз кои оди болоњезе, па врз нив тофу мешавина, па продолжете со редење додека имате состојки.
- Најгоре прелијте со преостанатиот сос од тофу и наросете рендан посен кашкавал.
- Печете во рерна 20-25 минути додека сирењето не добие златно-кафеава боја.