Е портал

Овошја со малку јаглехидрати кои се соодветни и за кето-исхрана

Кето диетата е позната како режим на исхрана во кој приоритет е внесот на масти, додека јаглехидратите се јадат во мала количина.

Оваа исхрана е многу рестриктивна кога се јаглехидратите во прашање, што значи дека за оние кои ја применуваат, лебот, печивата и тестенините веќе се минато. Но, што е со овошјето? Може ли да се изеде едно јаболко или портокал?

Јаглехидратите обично се изворот на енергија на телото, а поентата на кето диетата е организмот да влезе во фаза на кетоза, кога ќе почне да ги користи мастите за да се енергизира.

За среќа, постојат неколку овошја кои во себе содржат голем процент вода, а малку шеќери, кои може да ги јадете во текот на кето исхраната.

Следниве пет овошја содржат многу хранливи материи, растителни влакна и мала количина на јаглехидрати:

1. Бобинки

Шумските овошја, особено малините, може да се консумираат во кето исхраната. Генерално, дозволени се 20 грама јаглехидрати дневно, а ова се вредностите за доза од една полна чаша свежо овошје:

  • Малини – 15гр јаглехидрати, 8гр растителни влакна
  • Капини – 14гр јаглехидрати, 8гр растителни влакна
  • Јагоди – 13гр јаглехидрати, 3гр растителни влакна
  • Боровинки – 21гр јаглехидрати, 4гр растителни влакна

2. Праски

Праските имаат малку јаглехидрати. Во една праска со средна големина има 12-15гр јаглехидрати и 2гр растителни влакна. Во остатокот тие се вода, минерали и витамин Ц.

3. Кајсии

Кајсиите се благи и вкусни и никој не би можел да претпостави дека се соодветни за кето исхрана. Во една свежа кајсија има 4 грама јаглехидрати, што значи дека може да се изедат 4 или 5 парчиња во текот на денот. Ова важи само за свежите, бидејќи во сувите има многу поголема концентрација на јаглехидрати.

4. Лубеница и диња

Лубениците и дињите се нискокалорични, содржат многу вода и малку јаглехидрати. Така, во една резанка лубеница има 11гр јаглехидрати, во портокаловата диња има 13гр јаглехидрати, додека во жолтата 15гр јаглехидрати во порција.

5. Лимон и лимета

Лимонот и лиметата можете да ги користите за да направите лимонада или како зачини во салатите. Добра вест е што и со лимонада од еден или два лимона вие консумирате едвај 5гр јаглехидрати. Во лиметата ги има

Други вести

Предложено: Никотинот во цигарите да се намали на ниво што не предизвикува зависност

Е портал

Британците тестираат камери кои детектираат пијани возачи

Е портал

Од Нова година во Милано е забрането пушење и на отворено

Е портал