Е портал

За прв пат по 130 години откако се води евиденција: Нема снег на планината Фуџи

Сè уште не паднал снег на највисоката јапонска планина Фуџи, за прв пат од почетокот на евиденцијата пред 130 години.

На врвовите на Фуџи вообичаено снег паѓа на почетокот на октомври, но невообичаено топлото време значело дека оваа година нема врнежи од снег до крајот на октомври, јавува Би-Би-Си.

Минатата година снег беше забележан на врвот Фуџи на 5 октомври.

Јапонија го имаше најжешкото лето досега, со температури од јуни до август за 1,76 степени над просекот.

Речиси 1.500 области во септември имаа она што Јапонското метеоролошко друштво ги карактеризираше како „екстремно топли“ денови, кога температурите достигнуваа или надминаа 35 степени.

Во октомври температурите не беа толку високи, но сепак беа натпросечни.

Во претходните 130 години на Фуџи падна снег најдоцна на 26 октомври, што се случи во 1955 и 2016 година.

Планината Фуџи, југозападно од Токио, е највисоката планина во Јапонија со 3.776 метри.

Вулканот на неговиот врв последен пат еруптирал пред нешто повеќе од 300 години.

Други вести

Предложено: Никотинот во цигарите да се намали на ниво што не предизвикува зависност

Е портал

Британците тестираат камери кои детектираат пијани возачи

Е портал

Од Нова година во Милано е забрането пушење и на отворено

Е портал