Е портал

Зошто се јавува страшна болка во грбот за време на месечниот циклус?

grb bolka zena

Болните менструални циклуси се најлошото нешто што може да им се случи на девојките и жените. И како да не е доволно сè останато, проследени се често и со болки во грбот.

Голем број девојки, покрај крварењето, грчевите, промените во расположението и апетитот, имаат и неподносливи болки во долниот дел од грбот. Овој симптом воопшто не е редок, а како причина за тоа е преголемата активност на мускулите.

За време на месечниот циклус во телото се ослободува простагландин, ензим одговорен за контракциите на матката за време на циклусот. Ако телото произведува премногу простагландин, тогаш мускулите во абдоменот, особено во карличниот дел, реагираат со зголемени контракции, па затоа се појавува и болката во грбот.

Но, ова не е единствената причина. Понекогаш состојбите како цисти на јајниците, таканаречената „превртена“ матка (кога е навалена кон грбот), ендометриозата и фиброидите може да бидат причинители, но и засилувачи на болката во грбот.

Дали може да се третира оваа болка?

Постојат одредени лекови, класифицирани како нестероидни антиинфламаторни лекови, кои имаат и многу несакани ефекти.

Поради тоа, подобро е да го загревате грбот кога имате болки, бидејќи на тој начин мускулите се релаксираат. Постојат дури и специјално наменети загревачки тела за тоа.

Јогата и аеробикот исто така може да помогнат, но треба да внимавате на напорот што го вложувате, за да не си правите спротивно, односно непотребни контракции на матката.

Здравата исхрана, чаевите и по потреба земање витамин Е и витамин Б1 се задолжителни кога имате тешки и болни менструални циклуси.

Други вести

Предложено: Никотинот во цигарите да се намали на ниво што не предизвикува зависност

Е портал

Британците тестираат камери кои детектираат пијани возачи

Е портал

Од Нова година во Милано е забрането пушење и на отворено

Е портал