Е портал

ВИДЕО: Многу луѓе сакаат да влезат во овој град на Европската унија, но не можат – се наоѓа во Африка

Дали сте слушнале за Мелила? Станува збор за шпанска енклава која зафаќа околу 12 квадратни километри долж брегот на Средоземното Море, кое е целосно опкружено со Мароко.

Сепак, иако се наоѓа на африканскиот континент, Мелила е дел од Европската унија. Покрај тоа, заедно со Сеута, таа ги претставува единствените две територии на Европската унија во Африка.

Денес, Мелила има автономен статус. Во него може да се видат влијанијата на бројни култури – од старите Феникијци до Византијците до Визиготите. Има прекрасен историски центар – Melilla la Vieja, кој е опкружен со прекрасни ѕидини, но и бројни прекрасни плажи. Сепак, ретки се оние кои го посетуваат како туристи, пишува Pun kufer.

Поради својата специфична географска положба, често е мета на емигранти кои сакаат илегално да влезат во Европската унија. Од истата причина, на границата меѓу Мароко и Мелила беа подигнати високи огради. Сепак, тие не можат да ги спречат очајните потези на луѓето кои бараат шанса за нов живот, дури и по сопствена цена.

Како изгледа животот во Мелила, проверила екипата на каналот Yes Theory на YouTube, која поминала 50 часа во тој чуден европски град на африканскиот континент.

Други вести

После 17 години, од март се враќа авиолинијата Скопје – Амстердам

Е портал

Научниците ја открија големата вистина за „босанските пирамиди“: Со еден збор објаснија се

Е портал

Читателите на National Geographic Travel одбраа: Сараево е најдобрата светска дестинација за 2025 година

Е портал