Е портал

Природен еликсир кој ќе ги подобри симптомите на анемија

Копривата е позната како еден од најсилните природни препарати за анемија, а сите корисни својства на медот тешко е да се набројат. Заедно претставуваат еден од најмоќните еликсири за крвната слика и имунитетот.

Потребно е:

  • 1 кг мед
  • 5 раце коприва (може и сушена)
  • сок и кора од 1 лимон

Подготовка:

Добро измешајте во стаклена тегла мед и ситно исечкана коприва, така што масата да биде компактна и рамномерно соединета. На еден килограм мед ставете најмногу пет раце коприва. Може да додадете и рендана кора од лимон, како и сок од еден лимон. Препаратот треба да се зема наутро, на празен стомак, со малку млака вода, најмалку 15 минути пред појадокот.

Важно:

Пред употреба на кој било природен еликсир, важно е да се консултирате со лекар за да се утврди најдобрата опција за вашето здравје. Познато е дека копривата не треба да ја користат бремени жени, иако често страдаат од анемија, а претпазливост се советува и кај лица кои земаат диуретици.

Симптоми на анемија:

Ако чувствувате замор, слабост, изнемоштеност, недостаток на енергија, несвестица, вртоглавица, недостиг на воздух, главоболка, неправилно или забрзано чукање на срцето и бледило на лицето, треба да посомневате дека имате анемија. Кај потешки облици на анемија може да се појави и болка во градите.

Копривата – совршен борец против анемија:

Копривата содржи големи количини железо, што ја прави совршен сојузник против анемија. Освен железо, копривата е богата со минерали како калциум, магнезиум, фосфор и силициум. Има антибактериски, антивирусни, противвоспалителни, диуретички својства, ги намалува болките и го запира крварењето.

Шумскиот мед – најдобар за анемија:

Со редовна употреба на мед и други пчелни производи се подобрува здравјето и виталноста на организмот, а со тоа се зголемува неговата отпорност на многу заразни и други болести. За анемија, апитерапевтите препорачуваат шумски мед, бидејќи содржи 13 пати повеќе минерални материи од цветниот мед, а особено е богат со железо.

Други вести

Предложено: Никотинот во цигарите да се намали на ниво што не предизвикува зависност

Е портал

Британците тестираат камери кои детектираат пијани возачи

Е портал

Од Нова година во Милано е забрането пушење и на отворено

Е портал