Е портал

И годинава Македонија нема да учествува на Евровизија

Македонија нема да учествува на Евровизија 2025 во Швајцарија. Со тоа ја одбележуваме и третата година неучество на познатиот европски фестивал.

МРТВ го објави буџетот за 2025 година и како што пренесоа некои од медумите но и Eurovisionfun не се предвидени средства за овогодишно учество на Евровизија. Македонската телевизија веројатно нема намера за брзо враќање на ова натпреварување од причина што финансиската ситуација во националниот сервис не е на завидно ниво. Сепак, продолжуваме со учество на Детска Евровизија.

Од Балканските држави, Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Албанија, но и Црна Гора ќе учествуваат на Евровизија 2025 година. Романија и Бугарија се уште остануваат несигурни во нивното учество на Евровизија во Швајцарија.

Последен претставник на Македонија на Евровизија беше Андреа во 2022 година со нејзината песна „Circles“ која го освои 11. место во полуфиналето, што не беше доволно за пласман во финалното натпреварување.

Други вести

Руски астролог тврди: Само три хороскопски знаци ќе имаат огромна среќа во 2025

Е портал

ВИДЕО: Кина го гради најголемиот аеродром во светот на вештачки остров

Е портал

Мистеријата на портокаловите мачки решена по 110 години

Е портал