Е портал

Каков наркотик е розовиот кокаин пронајден во телото на Лиам Пејн?

Розов кокаин или пинк кокаин е мешавина на наркотични средства која вообичаено воопшто не ни вклучува кокаин. Јавноста за оваа дрога дозна по токсиколошкиот наод на починатиот Лиам Пејн, член на популарниот бенд One Direction.

Трите најчести супстанци кои можат да се најдат во „пинк кокаин“ се МДМА, Кетамин и 2Ц-Б.
МДМА, или екстази, има стимулативни и мали психоделични својства. Кетаминот, кој е слично популарен, е моќен анестетик со дисоцијативно, седативно и халуциногено дејство. Оваа мешавина на наркотици станува се поприсутна помеѓу корисниците, но е и одговорна за предозирања и смртни случаи во голем број.

Клучната експертска грижа за розовиот кокаин произлегува од непредвидливата мешавина на супстанции, од кои секоја носи свој ризик. Иако името може да им сугерира на корисниците дека ќе земаат кокаин, најверојатно станува збор за неколку други дроги.

Розовиот кокаин бил популарен во Латинска Америка во 70тите, а потоа се проширил и во САД и на европското тло.

Други вести

Предложено: Никотинот во цигарите да се намали на ниво што не предизвикува зависност

Е портал

Британците тестираат камери кои детектираат пијани возачи

Е портал

Од Нова година во Милано е забрането пушење и на отворено

Е портал