Е портал

Календар со неработни денови во 2025 година: Не очекуваат помалку продолжени викенди отколку годинава

Во 2025 година не oчекуваат помалку продолжени викенди во споредба со оваа година, но и неколку државни празници кои паѓаат во сабота, или верски кои паѓаат во недела.

Епортал направи календар со неработни денови кој можете да го преземете ТУКА, со мапирани сите неработни денови во различни бои, во зависност од тоа дали е за сите граѓани, некоја вероисповед или пак за некоја од заедниците.

Неработни денови во 2025 година:

За сите граѓани

  • 01 јануари (среда), Нова Година,
  • 07 јануари (вторник), Божик,  првиот ден на Божик според православниот календар
  • 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 01 април (понеделник) е неработен ден
  • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 01 Мај (четврток), Ден на трудот
  • 24 Мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
  • 02 Август (сабота), Ден на Републиката,
  • 8 Септември (понеделник), Ден на независноста 
  • 11 Октомври (сабота), Ден на народното востание,
  • 23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 Декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик, 
  • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
  • 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (четврток), првиот ден на Божик. 

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница

  • 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница

  • 27 јануари (понеделник), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница

  • 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите 

За граѓаните припадници на влашката заедница

  • 23 мај (петок), Национален ден на Власите 

За граѓаните припадници на еврејската заедница

  • 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница

  • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците 

За граѓаните припадници на турската заедница

  • 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик  

Други вести

Предложено: Никотинот во цигарите да се намали на ниво што не предизвикува зависност

Е портал

Британците тестираат камери кои детектираат пијани возачи

Е портал

Од Нова година во Милано е забрането пушење и на отворено

Е портал