ChatGPT има 200 милиони корисници неделно, објави OpenAI. Оваа бројка е двојно поголема во однос на минатата година.
Патем, се чини дека и другите мислат дека вештачката интелигенција е иднината, па Apple, Nvidia и Microsoft се во преговори за инвестирање во OpenAI. Така вредноста на компанијата ќе се зголеми на повеќе од 100 милијарди долари.
Инаку, Microsoft има инвестирано 13 милијарди долари во оваа компанија од 2019 година, додека Apple откри дека ChatGPT ќе сочинува голем дел од иновациите поврзани со Apple Intelligence.