Е портал

Што сè открива бојата на косата за вашето здравје

kosa, boja na kosa, hair color

Гените кои се одговорни за бојата на косата можат да влијаат на вашето здравје, но и да ја одредат склоноста кон некои заболувања.

Дали сте знаеле дека гените кои влијаат на пигментот на косата истовремено регулираат одредени процеси во човечкиот организам и влијаат на ризик факторите кои поттикнуваат настанување на одредени болести?

Како резултат на тоа, бојата на косата може да укажува на чувствителни точки во телото кои го загрозуваат здравјето, тврдат експертите и според тоа објаснуваат:

Бринетите најлесно ќелават, бидејќи имаат најмалку коса. За да се избегне оваа непријатна појава, треба да конзумираат по 18 мг железо или една чаша овес дневно. Пушачите со кафеава боја на косата треба да заборават на цигарите, бидејќи меланинот кој им ја дава бојата на косата им ја забавува работата на црниот дроб, а со тоа и побавно се разградува никотинот. Во такви услови, оние со кафеава коса се почувствителни на никотин, а притоа се зголемува ризикот за зависност од цигари. Освен тоа носителите на оваа боја на коса, почесто заболуваат од нехочкиновиот лимфом и од меланом.

Светлокосите имаат чувствителни очи и кожа, па поради тоа тие се во поголем ризик да добијат сенилна макуларна дегенерација, која во одредена фаза може да доведе до проблеми со видот и слепило. Исто така се многу подложни и на појава на рак на кожата. За да можат до некаде да се заштитат од развивање на овие болеси, треба секојдневно да конзумираат зеленчук богат со лутеин, како што се кељ, грашок, спанаќ и други слични намирници.

Оние кои имаат црвена боја на косата најчесто се најзагрижени, бидејќи гените кои се одговорни да ја дадат бојата на нивните влакна влијаат и на тоа како организмот се справува со стресот. Нивниот генетски фактор кој е најзаслужен за бојата на косата истовремено укажува и на слабост во борбата против стресот.

Црвенокосите исто така имаат зголемен ризик да заболат од Паркинсонова болест. Шансите за заболување од оваа болест можат во голема мера да го намалат доколку земаат по 400 мг фолна киселина на ден. Доколку нивната коса прерано стане седа, тоа е еден од знаците дека имаат некаков здравствен проблем, а пред сè укажува на недостаток на витаминот Б-12 или нарушување на функцијата на штитната жлезда.

Други вести

Руски астролог тврди: Само три хороскопски знаци ќе имаат огромна среќа во 2025

Е портал

ВИДЕО: Кина го гради најголемиот аеродром во светот на вештачки остров

Е портал

Мистеријата на портокаловите мачки решена по 110 години

Е портал