Е портал

Руски астролог тврди: Само три хороскопски знаци ќе имаат огромна среќа во 2025

Еден од најпознатите руски астролози, Василиса Володина, сподели интересна астролошка прогноза за 2025 година. Таа тврди дека хороскопот за годината што доаѓа ќе биде особено магичен за три знака од Зодијакот; за нив судбината подготвила посебни животни дарови.

Хороскопот за 2025 година, според Володина, најмногу ќе ги израдува Лавовите, Девиците и Раковите. Еве кратка астролошка прогноза за овие три знака, со напомена дека, иако ѕвездите се на нивна страна во наредните месеци, сепак е неопходно да вложат труд и да преземат акции за да ги остварат своите цели.


Рак

За Раковите, 2025 година ќе биде вистински златен рудник. Не само што ќе ги зголемат своите финансии и ќе постигнат материјален просперитет, туку ќе ги израдува и нов член во семејството, можеби нивен личен или на некоја блиска личност! Володина истакнува дека напорната работа ќе им донесе изобилни финансиски награди.


Лав

Претставниците на овој огнен знак ќе доживеат целосна трансформација на својот живот. На почетокот на годината, ќе донесат судбоносни одлуки што ќе го променат нивниот живот од корен. Не само што ќе се ослободат од сè што е токсично и непријатно, туку имаат и голема шанса да ја запознаат својата сродна душа, барем ако се слободни. Зафатените претставници на знакот ќе уживаат во хармонија и ќе добијат максимална поддршка од својот партнер. Вас очекува голем просперитет во 2025 година!


Девица

Девицата буквално ќе „блесне“ во 2025 година со своите успеси и достигнувања. Ѕвездите им даваат неверојатна енергија и самодоверба, а благодарение на тоа, ќе можат да постигнат и нешто што изгледало невозможно. Секоја работа и проект што ќе го започнат ќе биде осуден на успех и поздравен со пофалби!

Други вести

ВИДЕО: Кина го гради најголемиот аеродром во светот на вештачки остров

Е портал

Мистеријата на портокаловите мачки решена по 110 години

Е портал

ЕУ одлучи: Седумнаесетгодишници ќе можат да возат камиони

Е портал