Е портал

Посни лазањи идеални за Бадниковата трпеза

Доколку сакате да пробате нешто ново и вкусно, ви препорачуваме да ги подготвите овие посни лазањи и да ги послужите на вашето семејство за Бадник.

Сите состојки се нутритивно прилагодени за да имате одличен оброк, без разлика дали е прилог или главно јадење.

Ова е рецепт со помалку заситени масти и повеќе влакна, бидејќи се користат интегрални листови за лазанја. Оброкот содржи и протеини и железо, кои ги добивате со додавање на грав или наут. За кремаста текстура, користете посна верзија тофу, измешан со зачини и малку растително млеко.

Потребно (за 4 порции):

За сосот:

  • 400 г тофу сирење (издробено или иситнето)
  • 1 лажичка италијански зачини
  • Грст свеж спанаќ (ситно исецка)
  • Прстофат сол и бибер
  • 2 лажици растително млеко (по желба, за покремаста текстура)

За болоњезе преливот:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 голем кромид, излупен и ситно сецкан
  • 2 чешниња лук добро иситнети
  • 200 г шампињони исечени на ливчиња
  • 300 г варен грав или наут (по вкус може да користите и мешавина од двете, а за полесна подготовка можете и конзервирани)
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка свежо мелен бибер
  • 2 лажици сув босилек и оригано
  • 400 мл сос од домати
  • 150 мл вода

За составување на лазањата:

  • Интегрални кори за лазања
  • 80 г рендан посен кашкавал

Подготовка:

  1. Загрејте го маслото во тавче и пропржете ги кромидот и лукот 4-5 минути додека не омекнат.
  2. Додајте ги шампињоните и пржете уште 2-3 минути.
  3. Додајте грав (или наут), потоа ставете сол, бибер, суви зачини, сос од домати и вода. Добро измешајте, оставете да зоврие, а потоа намалете ја температурата и варете 8-10 минути на тивко.
  4. Измешајте го тофуто со италијанските зачини.
  5. На дното на огноотпорен сад ставете малку од болоњезе сосот, па ставете неколку кори лазања, врз кои оди болоњезе, па врз нив тофу мешавина, па продолжете со редење додека имате состојки.
  6. Најгоре прелијте со преостанатиот сос од тофу и наросете рендан посен кашкавал.
  7. Печете во рерна 20-25 минути додека сирењето не добие златно-кафеава боја.

Други вести

Празничната трпеза не може без нив: Еве за што сè се корисни сувите смокви

Е портал

Користите алуминиумска фолија? Овие намирници никогаш не ги пакувајте во неа!

Е портал

Мус од бело чоколадо со маслиново масло

Е портал