Смоквата ја нарекуваме и рајско овошје на Медитеранот, бидејќи е еден од ретките плодови кој не ги губи нутритивните својства со сушењето и останатите преработки.
Сувите смокви се вистиска суперхрана
Сувите смокви навистина се суперхрана, бидејќи содржат широк спектар на хранливи материи, вклучувајќи висок ниво на протеини, јаглехидрати, калциум, витамин К, калиум, железо и магнезиум. Што се однесува до диететските влакна, сувите смокви имаат поголема содржина од кое било друго овошје.
Тие имаат и заштитни својства благодарение на богатството со витамини и минерали. Тие исто така се многу ефикасни против кардиоваскуларни болести, нарушувања на дигестивниот систем и проблеми со кожата.
Сувите смокви, исто така, содржат повеќе калциум од кое било друго суво овошје. Во 100 грама суви смокви се содржи дури 16% од препорачаната дневна доза на овој минерал.
Здравствени придобивки од сувите смокви:
- Го зајакнуваат имунолошкиот систем со своите антиоксидантски својства
- Обезбедуваат стабилизација на крвниот притисок
- Го забрзуваат празнењето на цревата и го елиминираат запекот
- Ја зголемуваат ситоста поради високата содржина на влакна и помагаат при губење на тежината
- Го поддржуваат и штитат здравјето на коските, бидејќи се полни со калциум
- Корисни се и против остеопороза, што е важно во подоцнежните години и периодите на менопауза
- Го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево кога се консумираат редовно и умерено, а благодарение на антиоксидансот фенол, помагаат во намалувањето на ризикот од срцеви заболувања и разни видови рак
- Влакната во смоквите го чистат дигестивниот тракт од вишокот холестерол и го носат до цревата
- Го зголемуваат расположението бидејќи содржат витамин Б6, кој е одговорен за производство на серотонин
Препорачливо е сувите смокви да се јадат во одредено време од денот – за појадок или како ужинка.
Дневната количина на смокви што треба да се консумира според препораките на нутриционистите е помеѓу две и четири.