За само 4000 долари можете да имате необичен моден додаток. И ако мислевте дека ова е дело на Баленсијага, мора да ве поправиме, бидејќи овојпат се работи за Москино.
Москино е италијански бренд кој е познат по своите statement модни парчиња – мода која е наменета за високите модни кругови и ретко можете да ја видите во секојдневието. А и мора да признаеме, чанта во форма на целер е идеја која ретко на кого би му паднала на памет.
Модата во денешно време се движи од екстравагантност до бизарност, но сепак, многу брендови држат и до класичниот начин на дизајнирање облека и модни додатоци. Па, би носеле ли вие ваква чанта?