Е портал

Зошто секогаш мора да ја исперете новата облека пред да ја облечете?

Многумина од нас сакаат веднаш после шопингот што побргу да ги облечат новите алишта, но дали е тоа правилно?

Сосема е разбирливо уште истиот ден да сакате да ги покажете новите фармерки на пријателите или да предизвикате воздишки кај другите носејќи го прекрасниот фустан. Но, пред да го направите тоа, запрашајте се: колкумина го пробале пред јас да го купам?

Затоа, исперете ја новата облека, оставете ја целосно да се исуши, па потоа носете ја.

Но, освен остатоците од епителни клетки, влакна и пот на новата облека, треба да бидете свесни дека демнат и други опасности. Всушност, дури и никој претходно да не ја пробал, на неа има хемикалии кои се користат во процесот на производство на материјалот, па и на самата облека.

Понекогаш тоа се бои, некогаш остатоци од нафталин и формалин или пак, прашина собрана при транспорт и складирање. Сето ова може да предизвика алергиски реакции, црвенила, осип на кожата или себореичен дерматитис. Затоа, за да ги избегнете овие здравствени компликации, потребно е да одолеете да ги облечете новите алишта и да ги исперете, следејќи ги упатствата на етикетите.

Други вести

Руски астролог тврди: Само три хороскопски знаци ќе имаат огромна среќа во 2025

Е портал

ВИДЕО: Кина го гради најголемиот аеродром во светот на вештачки остров

Е портал

Мистеријата на портокаловите мачки решена по 110 години

Е портал