Е портал

Читателите на National Geographic Travel одбраа: Сараево е најдобрата светска дестинација за 2025 година

Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, официјално е прогласен за најдобра дестинација во светот по избор на читателите на списанието National Geographic Travel.

„Официјално е: Сараево е победник во изборот на нашите читатели за 2025 година“, напишаа тие на страницата на Инстаграм на National Geographic Travel.

View this post on Instagram

A post shared by National Geographic Travel (@natgeotravel)

Списокот „Најдоброто од светот 2025“, е онокј кој носи дестинации што мора да се посетат во наредната година, избрани од истражувачи, фотографи и уредници на National Geographic.

Помеѓу 25-те светски дестинации е и главниот град на Босна и Херцеговина, за кој National Geographic наведува дека продолжува да ги инспирира љубопитните патници од целиот свет и не е ни чудо што убедливо го доби овогодишниот избор на читателите.

„Вековната историја на Сараево е вткаена во нејзините природни убавини, како што е реката Миљацка, која тече под повеќе од дузина мостови, вклучувајќи го латинскиот мост и пешачкиот мост Скендерија изградени од истите материјали како Ајфеловата кула според локалната историја. “, стои на веб-страницата на National Geographic.

Како што понатаму истакнаа, љубителите на историјата можат да оддадат почит на отпорноста на градот со посета на знаменитости како што е тунелот за спасување.

Тие се осврнаа и на винските сорти од цела Босна и Херцеговина.

„Вљубениците во виното можат да ги пробаат познатите локални сорти Жилавка, Блатина или Вранац. Авантуристите можат да одат на рафтинг, алпско скијање или планинарење до еден од најпрекрасните европски водопади“, се вели во најавата на National Geographic за посета на Сараево и Босна и Херцеговина.

Други вести

После 17 години, од март се враќа авиолинијата Скопје – Амстердам

Е портал

Научниците ја открија големата вистина за „босанските пирамиди“: Со еден збор објаснија се

Е портал

Плажите во Сиднеј повторно се отворени откако се појавија мистериозни црни топки

Е портал