Плажите во Сиднеј повторно се отворени за капачите, откако беа затворени на почетокот на неделата поради илјадниците мистериозни црни топки кои се излеаја на брегот, за кои се верува дека се отровни.
Официјални лица рекоа дека истрагите покажале дека топчињата биле направени од хемикалии слични на оние што се користат во козметиката и производите за чистење, но нивното потекло сè уште не е јасно, објави Би-Би-Си.
„Врз основа на советите од Агенцијата за заштита на животната средина, можеме да кажеме дека топчињата се составени од киселини и хемикалии слични на оние кои се наоѓаат во производите за чистење и козметиката, измешани со малку гориво“, рече извршниот директор на поморската управа на Нов Јужен Велс, Марк Хачингс.
Агенцијата за заштита на животната средина соопшти дека се уште траат лабораториските испитувања за да се утврди потеклото на топчињата.
Поморските власти рекоа дека топките не се токсични за луѓето, но не треба да се допираат или собираат.