Е портал

Вечерен ритуал за средување на мислите после кој ќе бидете посреќни

Дали сте помислиле колку може да влијае врз вас и вашата состојба еден добро смислен и редовно воспоставен вечерен ритуал?

Што е најлошото што ви се случило во животот? Како тоа влијаеше врз вас? Дали влијае и до денеска? Задржете ја мислата и проследете ја следнава приказна:

„Пред повеќе од 30 години живееше еден човек по име Џејми, чиј брак пропаѓаше, а тој беше на раб на депресија. Но, иако имаше големи проблеми, никогаш не отиде на терапија – што е иронично, бидејќи Џејми и самиот беше психолог.

Наместо тоа, тој почна да пишува и тоа многу. Пишуваше за бракот, за кариерата, за детството и за сè што го мачи и тогаш сфати – тој вече се чувствува подобро.

Така му стана јасно колку неговата сопруга му значи и реши да ги расчисти сите проблеми. Тогаш помисли: ‘Ако мене ми помогна пишувањето, тогаш може да им помогне и на другите со нивните проблеми.‘ А, како психолог, реши да го испита тоа и во теорија.

И бил во право. Уште од почетокот кога првпат била објавена неговата студија во 1986 година, стотици студенти покажале дека и нив пишувањето им помогнало во многу аспекти во животот.“

Каде се крие објаснувањето?

Интензивното запишување на чувствата и мислењата е како разговарање со најблизок пријател или терапевт и чини доста поевтино од посета на психолог. Кај потешките случаи, кои мораат да бидат контролирани и од психијатат, исто така е забележано дека пишувањето им помага на пациентите.

Луѓето кои пишуваат за своите најдлабоки мисли и чувства, како и за трауматичните искуства, покажале пред сè, многу подобар имунолошки одговор за разлика од другите, кои пишуваат фикција. Ослободувањето од емоциите може да трае со недели, но по завршувањето со пишување, олеснувањето е повеќе од забележливо.

Ефектот бил видлив и врз луѓе чија ментална состојба се нарушила поради физичка болест. Пишувањето нема магична моќ и лековити својства, но е навистина бесплатно терапевтско средство, од кое може да излезе и некое големо литературно дело.

Затоа, навечер пред спиење обидете се да пишувате, да водите дневник или дури и да се обидете да напишете роман. Ќе си легнувате со многу почисти мисли и послободно срце. Не губите ништо, обидете се и ќе забележите напредок уште по првата недела. Споделувајте ги и позитивните и негативните мисли, легнете си ослободени од нив. Текстуалниот запис понатаму може да ви помогне да носите подобри одлуки и да се потсетувате каде сте биле некогаш, а каде сте сега или накратко кажано, да се

Други вести

Руски астролог тврди: Само три хороскопски знаци ќе имаат огромна среќа во 2025

Е портал

ВИДЕО: Кина го гради најголемиот аеродром во светот на вештачки остров

Е портал

Мистеријата на портокаловите мачки решена по 110 години

Е портал