Островот Just Room Enough е остров кој ја носи официјалната титула за најмал населен остров во светот со површина од 310 квадратни метри.
Се наоѓа во областа на реката Сен Лоран, која тече на границата меѓу САД и Канада. Припаѓа на државата Њујорк и е еден од серијата од 1.800 острови на оваа река.
Првично беше наречен Hub, а потоа во педесеттите години на минатиот век беше купен од семејството Сизеленд и преименуван во Just Room Enough Island, што во превод значи „Остров со место доволно за една соба“.
Сопствениците на островот потоа засадија дрво и изградија куќа која ја окупираше речиси целата површина на островот. Иако го планирале како викендица и бегство од секојдневието, тоа не им успеало. Имено, островот набрзо станал туристичка атракција.
На околу 150 метри, на друг остров, се наоѓа замокот Болд, познат замок што милионерот Џорџ Болд почнал да го гради во 1900 година.
Инаку, титулата за најмал населен остров некогаш ја имал Бишоп Рок, иако островот Just Room Enough е многу помал по површина.
Бишоп Рок имаше само светилник, кој беше автоматизиран во 1982 година, па немаше потреба да се населува.