Серијата „Сабја“ која требаше да почне да се емитува минатата пролет, својата телевизиска премиера ќе ја има во сабота на 2 ноември на првата програма на РТС.
Приказната за атентатот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година ќе биде раскажана во осум епизоди.
Серијата ќе се емитува во сабота и недела со почеток од 2 ноември во 20 часот.
Улогата на Зоран Ѓинѓиќ ја игра Драган Миќановиќ, Легија ја толкува Сергеј Трифуновиќ, Марко Грабеж ќе ја игра Чеда Јовановиќ, Марко Марковиќ ќе ја игра Беба Поповиќ, додека Бојан Кривокапиќ ќе ја толкува Ѕвездан Јовановиќ.
Во серијата играат и Љубомир Бандовиќ, Милица Гојковиќ, Лазар Тасиќ, Феѓа Штукан, Јасна Ѓуричиќ, Златко Буриќ, Бојан Навојец, Милош Тимотијевиќ…
Според РТС, тие се потрудиле да дадат преглед на општествено-политичката состојба во земјата од 1990-тите до 2000-тите и да ја прикажат атмосферата на неизвесност што владееше во Србија во 2003 година.
„Серијата ги следи ликовите на премиери, политичари, криминалци, членови на паравоени единици, но и фиктивни ликови – младата и амбициозна телевизиска новинарка Даница Мандиќ, полициските инспектори Борис Ракиќ и Љуба Васиљевиќ, ангажирани во истрагата, како и ситни криминалец во земунскиот клан Урош Ристиќ”. според РТС.