Е портал

Објавен првиот дел од 3Д мапата на универзумот: Прикажани се 14 милиони галаксии и десетици милиони ѕвезди

Објавен е првиот дел од најголемата 3Д мапа на универзумот создадена досега, на која се прикажани 14 милиони галаксии, заедно со десетици милиони ѕвезди на Млечниот Пат.

Мисијата „Евклид“, која беше лансирана во 2023 година од Европската вселенска агенција (ЕСА) со поддршка на НАСА, ги испрати своите први слики во ноември истата година и во мај 2024 година, пишува Гардијан.

Целта на „Евклид“ беше да овозможи создавање на 3Д мапа на универзумот во времето и просторот за да се разјасни неговата еволуција и да се расветли мистериозните феномени како темната енергија и темната материја, кои заедно сочинуваат 95 проценти од универзумот.

Завршената карта се очекува да покрие една третина од небото во текот на шестгодишното набљудување и да вклучи милијарди галаксии оддалечени до 10 милијарди светлосни години.

Професорот од Универзитетот во Лондон, Мет Пејд, нагласи дека пред „Евклид“ никој не направил слика од толку голема површина на небото со толку висока резолуција.

Првиот дел од мапата можете да го погледнете ТУКА.

Други вести

9000 пати побрз интернет во 6G тестови, може да преземе 20 филмови во секунда

Е портал

Добро проверете го вашето сандаче! Овие мејлови се знак дека ве „напаѓаат“ без воопшто да знаете

Е портал

Пет професии во кои вештачката интелигенција веќе во голема мера ги менува луѓето, а меѓу нив е една од најплатените работни места

Е портал