Е портал

Радиоактивен отпад за производство на прибор за јадење и прибор за готвење: Само доколку граѓаните на Франција го одобрат тоа

Франција би можела да го претвори радиоактивниот отпад во прибор за јадење и садови само доколку јавноста се согласи со предложениот објект за рециклирање отпад.

Француската енергетска компанија EDF има необичен план да искористи дел од нуклеарниот отпад за производство на кујнски прибор, вилушки и кваки по затворањето на нуклеарната централа во Фесенхајм, пишува Euronews.

Ова не значи дека приборот за јадење и приборот за готвење ќе бидат радиоактивни, туку дека металот со „многу ниска радиоактивност“ ќе се користи за производство на наведените прибор. Преостанатиот радиоактивен отпад ќе биде испратен во преработувачките капацитети.

Доколку овој план биде одобрен, новиот центар за рециклирање на радиоактивен материјал ќе се простира на 15 хектари и ќе биде позициониран во близина на затворениот нуклеарен капацитет.

„На овој начин би се овозможила преработка на 500.000 тони метал со ниска радиоактивност за 40 години“, изјави поранешниот директор на нуклеарната централа во Есенхајм, Лоран Жари.

Металите на ниско ниво се во суштина шут, почва и отпадоци кои произлегуваат од демонтажата на нуклеарна централа или индустрија која користела радиоактивни материјали.

Отстранувањето на овој вид отпад секогаш им создава главоболка на производителите бидејќи тие мора да плаќаат долгорочно складирање на отпадот доколку не најдат друго решение.

Овој тип на депонирање на нуклеарен отпад за прв пат ќе се имплементира во Франција, додека слична техника веќе беше користена во Шведска, Германија и САД.

Сепак, не сите се задоволни од овој предлог. Имено, противниците на оваа идеја сметаат дека секоја доза радиоактивност, без разлика колку е мала, претставува опасност по здравјето.

Други вести

Предложено: Никотинот во цигарите да се намали на ниво што не предизвикува зависност

Е портал

Британците тестираат камери кои детектираат пијани возачи

Е портал

Од Нова година во Милано е забрането пушење и на отворено

Е портал