„Ozymandias“ е името на најдобро оценетата епизода на IMDb, која има и таканаречена совршена оценка, односно 10/10.
Она што го прави уште поневеројатно е фактот што е оценет од повеќе од 229.000 гледачи.
Станува збор за серијата „Breaking Bad“ која почна да се емитува во 2008 година и според многумина е една од најдобрите серии на 21 век.
Инаку, „Ozymandias“ е 14-та епизода од петтата сезона на серијата, по сценарио на Моира Вали-Бекет, а во режија на Рајан Џонсон и е единствената епизода со ваква оценка на популарната филмска платформа.
Покрај тоа, списанието Ролинг Стоун ја прогласи за најдобро емитувана ТВ епизода досега.
Епизодата освои и Еми награди. Брајан Кренстон ја освои својата четврта награда за најдобар актер, Ана Ган ја освои својата втора последователна награда за најдобра споредна женска улога, а Моира Вали-Бекет победи за најдобро сценарио.
Во епизодата се гледа распаѓањето на криминалната империја на Волтер Вајт додека неговото семејство се врти против него и тој мора да исчезне со нов идентитет. Посебно значајна е сцената во која Волтер се бори против сопругата Скајлер, и каде се вмеша нивниот син Волтер Џуниор.