Јапонецот Јошифуми Мураками е уапсен поради попречување на полициската работа во Токио затоа што наводно повикал број за итни случаи повеќе од илјада пати и молчел откако воспоставил врска.
„Таквото јавување ми го смирува мозокот“, вели осомничениот Мураками (49), соопшти полицијата.
Тој тврди дека по професија е лекар, но полицијата допрва треба да ја потврди таа информација, пренесува Kyodo.
Мураками е уапсен во вторникот под сомнение дека ја попречувал работата на полицијата, бидејќи во периодот од 30 август до 17 септември имал вкупно 1.301 ваков повик, а само за еден ден повикал полиција 183 пати, се наведува во соопштението.
Јапонската полиција го идентификуваше Мураками врз основа на паметниот телефон што го користеше. Покрај повиците наведени во овој извештај, полицијата се сомнева дека Мураками е одговорен за уште 1.300 слични повици направени на други броеви за итни случаи, според Кјодо.