Е портал

Кинезите ги земаа руските фабрики кои ги испразнија производителите на автомобили од Западот

Војната во Украина трае веќе три години, а за тоа време многу западни брендови се повлекоа од Русија. Некои компании, сепак, најдоа начин да го искористат празниот простор, пишува Б92.

Еден од најголемите добитници во целата ситуација се кинеските производители на автомобили, бидејќи како што пишува во својот извештај агенцијата Ројтерс, повеќе од 50% од новите автомобили продадени во Русија припаѓаат на кинески марки.

Се вели дека оваа зголемена побарувачка предизвикала лавина случаи кога компаниите преземаат празни згради и фабрики напуштени од западните производители на автомобили.

Цитирајќи како извор пет луѓе запознаени со ситуацијата, Ројтерс пишува дека кинеската марка „Chery“ произведува автомобили во руски фабрики кои претходно ги користеле „Mercedes“, „Nissan“, и „Volkswagen“, се чини дека овие фабрики се користат само за доработка.

Ова би можело да биде потег на Кинезите за да ги избегнат царините, бидејќи агенцијата известува дека во Русија се плаќаат високи царини за увезени возила.

Се вели дека „Chery“ контролира речиси 20% од пазарот на патнички автомобили, така што завршните работи во самата земја би можеле да и помогнат да остане доминантна. Во фабриките, пишува Ројтерс, се склопуваат моделите „Tiggo“ и „Exeed“, а „Tiggo 7“ е ребрендиран како „Xcite X-Cross 7“.

Други вести

ВИДЕО: Ова е пловечки електричен автомобил, ќе се користи за поплави

Е портал

Зголемен интерес за летечкиот автомобил на Алеф: Досега имаат над 3.200 нарачки

Е портал

VW планира 30.000 отпуштања во Германија

Е портал