Е портал

Касандра повторно на Балканот: Ќе биде специјален гостин во популарна српска серија!

Колумбиската актерка Кораима Торес, познатата Касандра од истоимената серија, пристигнува во српската престолнина за да и се придружи на екипата на популарната серија „Игра на судбината“ како специјален гостин.

Ова е втор пат Кораима Торес да доаѓа во Србија, што значи дека остави неизбришлива трага кај нашата публика која ја обожава.

Никола Буровац, инаку, продуцентот на споменатата серија, за „Блиц“ откри некои детали за соработката со колумбиската актерка, како и дали имала некои посебни барања.

„Кораима е исклучително убава, срдечна и природна жена. Таа навистина е како вистинската Касандра. Ја натеравме да се чувствува како ѕвезда, затоа што е. Таа немаше никакви барања. Среќна е што повторно е во Србија и што е дел од нашата најголема серија“, вели Буровац.

Продуцентот сакаше да остане во тајност каква улога ќе има Кораима во серијата.

„Можам само да кажам дека ќе биде уште подобро од Касандра“, вели тој.

Други вести

(ВИДЕО) „Dexter: Resurrection“: Улоги, датум на премиера и сè друго што се знае досега

Е портал

Dexter: Original sin целосно го оправдува приквел шоуто со потценета нова приказна на повратен лик

Е портал

Се врати „Squid Game“: Вреди ли да се гледа

Е портал