По двата критикувани, но успешни филмови на Netflix, Џенифер Лопез ја продолжува соработката со стриминг гигантот. The Hollywood Reporter пренесува дека актерката и пејачка ќе игра главната улога во претстојната романтична комедија Office Romance.
Главната машка улога во филмот според овој медиум ќе ја толкува Брет Голдстин, двократен добитник на Еми и ѕвезда на популарната хумористична серија Ted Lasso, која се емитуваше на сервисот за стриминг Apple TV+. Netflix сè уште бара режисер кој ќе го преземе проектот.
Лопез досега глумеше во акциониот трилер The Mother од 2023 година, во режија на Ник Каро, а вториот е овогодинешниот научно-фантастичен филм Atlas, во режија на Бред Пејтон, филмови кои потфрлија пред критичарите, но имаа одлични оцени од гледачите. The Mother имаше неверојатни 136,4 милиони прегледи, со што стана еден од најгледаните оригинали на Netflix.