Пушењето на отворени јавни места во Милано веќе нема да биде дозволено од 1 јануари следната година, освен ако пушачите не се на растојание од најмалку 10 метри од другите луѓе.
Забраната се однесува на сите јавни површини на отворено, вклучително и улиците, пренесува Тг24Скај.
За прекршување на оваа забрана се предвидени казни од 40 до 240 евра.
Нова забрана за пушење на отворени јавни површини донесе пред извесно време градските власти на Милано, како дел од Планот за воздух и клима.
Целта на овој документ е да се преполови емисиите на јаглерод диоксид до 2050 година.
Засега забраната за пушење на отворени јавни површини не важи за електронските цигари.