Е портал

Не е само Скопје: Жителите од овие европски градови се најнезадоволни од јавниот превоз

Во својот извештај, Европската комисија посочи дека јавниот превоз има големо влијание врз општото задоволство на жителите од градот во кој живеат. Овој извештај е направен врз основа на минатогодишното истражување, кое опфатило 83 градови и 71.000 луѓе.

Истражувањето покажа дека седум од 10 жители генерално се задоволни од јавниот превоз во нивниот град. Сепак, постои голем јаз во задоволството од јавниот превоз меѓу градовите.

На пример, 29 отсто од жителите на Рим и Тирана се задоволни од јавниот превоз во нивниот град, додека 91 отсто од жителите на Виена се задоволни од јавниот превоз во овој град.

Жителите на северна и западна Европа изразија поголемо задоволство од јавниот превоз, додека жителите на градовите на југот и на истокот на континентот изразија помало задоволство. Така, задоволството во Хелсинки, Осло и Стокхолм надмина 85 отсто, додека во Копенхаген 81 отсто.

Градови во кои повеќе од половина од населението е незадоволно од јавните услуги се Рим, Тирана, Подгорица, Белград, Никозија и Скопје.

Постојат повеќе фактори кои влијаат на задоволството од јавниот превоз, поради што граѓаните беа прашани дали се согласуваат или не со фактот дека јавниот превоз во нивниот град е достапен, безбеден, лесен за користење, чест и сигурен.

Други вести

Предложено: Никотинот во цигарите да се намали на ниво што не предизвикува зависност

Е портал

Британците тестираат камери кои детектираат пијани возачи

Е портал

Од Нова година во Милано е забрането пушење и на отворено

Е портал