Плажата во Драч, Албанија победи на новата студија која покажа дека нуди најмногу простор за пешкири по посетител.
Никој не сака да го помине одморот чувствувајќи се тесно и обземен од мноштвото луѓе, па токму затоа Драч станува се попопуларна дестинација, пишува Метро.
Истражувањето спроведено од Wizz Air вклучуваше анализа на повеќе од 50 европски земји и нивните најпопуларни плажи за да се утврди кои од нив нудат најмногу и најмалку простор по лице.
Пресметката вклучуваше мерење на површината на секоја плажа, поделена со големината на просечната крпа за плажа, а потоа со просечниот број на посетители дневно.
Драч, со плажа долга околу 10,5 километри, доби оценка 64,5, победувајќи ги познатите локации во Франција, Португалија и Шпанија и го зазеде првото место на листата. На другиот крај на листата, „Playa Sa Caleta“ на Ибица е прогласена за најпреполна плажа со резултат од само 0,5.
Освен што нуди доволно простор за уживање на плажата, Драч е еден од најстарите градови во Албанија, со богата историја. Амфитеатарот во Драч, изграден во 2 век од нашата ера, е најголемиот од ваков вид на Балканот и некогаш можел да прими 20.000 посетители.
Гостите на овој град можат да го истражуваат и Археолошкиот музеј, најголемиот во земјата, кој ја прикажува историјата на Албанија преку праисториски артефакти.
Ако плажата во Драч не ви е доволна, можете да посетите други блиски плажи како Копакабана или Охана или да уживате во дегустација на вино во локалните винарии како Абаја и Дука.
Топ 10 најмалку посетени познати плажи во Европа, според Wizz Air:
Плажа Драч, Драч, Албанија: 64,5 (простор за пешкир по лице)
Камберлендс, Англија: 61,1
Плажа Златни Рат, Бол/Брач, Хрватска: 54,1
Плажа Борш, Борш, Албанија: 43,0
Плаж де Пампелоне, Раматуел, Франција: 33,8
Брајтон Бич, Брајтон, Англија: 27.0
Праја да Фалесија, Алгарве, Португалија: 24.3
Плажа Могрен, Будва, Црна Гора: 20.1
Плажа Ниси, Аја Напа, Кипар: 19.3
Плаја д’ен Боса, Ибица, Шпанија: 17.7