Е портал

ФОТО: Екстремно ретки сцени: Камерите снимија членови на изолираниот народ Масако во Амазон

Автоматските камери снимија уникатни фотографии од изолираните луѓе Масако во прашумите на Амазон во Бразил.

Според сè, припадниците на оваа нација напредуваат и се развиваат, пишува весникот Гардијан.

На фотографиите се гледа група мажи од овој народ кои го добиле името по реката која тече низ нивната територија, но не се знае како се нарекуваат, додека нивниот јазик, општествено уредување и верувања остануваат мистерија.

И покрај постојаниот притисок и заканите од земјоделската индустрија, рударските компании, уништувањето на шумите и дилерите на дрога, населението на народот Масако е најмалку двојно зголемено од раните 1990-ти.

https://twitter.com/JornalOGlobo/status/1870841724781666363

Според проценката на бразилската Национална фондација за домородните народи (Фунаи), оваа заедница сега има меѓу 200 и 250 членови.

https://twitter.com/JornalOGlobo/status/1870841724781666363

Фондацијата „Фунаи“, која со децении работи на заштита на оваа област, постави камери на местото каде што нејзините членови повремено оставаат метални предмети како подарок за домородната заедница.

На овој начин успеале да ги снимат луѓето од Масако, кои до сега немале никаков контакт со цивилизацијата.

Досега, експедициите на Фондацијата Фунаи успеаја да ги снимат населбите на народот Масако, за кои сателитски снимки потврдија дека се напуштени.

Годините на набљудување донесоа сознанија дека овој народ лови со лакови долги три метри, како и дека се движи од место до место во прашумата.

Како начин да ги одвратат странците да им се приближат, членовите на заедницата Масако заглавуваат илјадници шила во земјата што можат да ги дупнат гумите на возилата или да ги повредат стапалата.

„Овие луѓе имаат право на живот, на нивната земја и на избраниот начин на живот, но почитувањето на правата на изолираните домородни народи е исто така суштинско за зачувување на прашумите“, рече ко-основачот на Институтот за еколошки истражувања Амазоните, Пауло Мутињо.

Други вести

Руски астролог тврди: Само три хороскопски знаци ќе имаат огромна среќа во 2025

Е портал

ВИДЕО: Кина го гради најголемиот аеродром во светот на вештачки остров

Е портал

Мистеријата на портокаловите мачки решена по 110 години

Е портал