Новата вештачка интелигенција може да размислува. Тоа е O1, нов модел развиен од OpenAI, компанијата зад ChatGPT. Тие наведуваат дека нивната генеративна вештачка интелигенција ќе дава побавни одговори бидејќи и треба време да размисли за прашањето, исто како што прават луѓето.
О1 на тој начин ќе може да решава сложени проблеми на повисоко ниво, а од компанијата наведуваат дека тоа значи дека се ресетира трката во развојот на вештачката интелигенција.
Така, постоечкиот ChatGPT може да реши само 13 проценти од проблемите од квалификациите за математичката олимпијада, додека новиот О1 решава 83 проценти.
Новиот модел е достапен од денес за корисниците кои имаат премиум сметки за ChatGPT.