Докторот Ненад Лазаров ја објасни разликата во квалитетот на млекото, зависи дали бебето е машко или женско.
„Мајчиното млеко се разликува во квалитетот и составот во зависност од полот на бебето. Истражувањата покажуваат дека млекото на мајките кои дојат машки деца има повисока концентрација на протеини и минерали како и вкупна енергетска вредност во споредба со млекото на мајките кои дојат женски деца“, напиша Лазаров на Фејсбук.