Од подготовка до сервирање потребни се околу 15 минути и само три клучни состојки кои дефинитивно веќе ги имате дома.
Ова традиционално италијанско јадење „shpaghetti aglio e olio“ го подготвувале сиромашни семејства во руралните средини, а овие јадења биле создадени под мотото „вкусно со што помалку состојки“. Благодарение на тоа што е вкусно, брзо и евтино, јадењето стана многу популарно дури и надвор од границите на самата Италија.
Подготовката е едноставна, а за две лица ќе ви бидат потребни овие состојки:
200 гр шпагети
3 супени лажици маслиново масло
3-4 чешниња лук (ситно сецкани)
половина мала чили пиперка (ситно сечкана, по желба)
грст магдонос (ситно сецкан, по желба)
Подготовка
Во големо тенџере, варете ги шпагетите во обилно солена вода до ниво на ал денте.
Кога шпагетите се речиси готови, загрејте го маслиновото масло во длабока тава на средно силен оган и пропржете го лукот и по желба ситно сечканата чили пиперка, додека кромидот не добие светло златна боја.
Кога шпагетите се готови, со маша извадете ги од водата во која се варени и ставете ги во тавче со маслиново масло и лук. По потреба можете да додадете уште малку вода во која се варени тестенините.
Кога ќе ги додадете тестенините, посипете ги со магдонос, по потреба додадете дополнително сол, измешајте и послужете.